РАБОТНА ПОСЕТА НА КОМПАНИЈАТА ФРИКО ВО СЕЛО КРИВОЛАК
Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на РМ Влатко Поповски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директоротката на неготинскиот Центар за вработување Кристина Чадамова вчера остварија работна посета на фабриката „Фрико“ во Криволак во сопственост на бизнисменот Јован Пендевски.

За време посетата, најпрво беше остварена меѓусебна работна средба на која домаќинот ги запозна присутните со историјатот и дејноста на фабриките „Фрико“ и „Копер“, притоа потенцирајќи дека и двете фирми имаат искористено и се уште ги користат бенефитите од многубројните мерки на Владата на РМ за вработување и намалување на невработеноста. Дополнителниот заменик-министер Спасов истакна дека посетата е дел од долгогодишната пракса на Министерството и на Владата за остварување непосредни контакти и размена на мислења со стопанствениците притоа презентирајќи ги сетот-мерки со поволности за остварување на нови вработувања, а токму фирмата Фрико е една од многуте која ги користи мерките на Владата на РМ.

Градоначалникот Апостолов истакна дека локалната самоуправа редовно остварува контакти со Центарот за вработување и бизнис-секторот, се во насока на намалување на невработеноста во општината која и онака е на најниско ниво од 2006-та година досега.

