РАКОМЕТАРКАТА МЕЧЕВСКА ПРИКЛУЧЕНА НА АПАРАТИ ЗА ДИШЕЊЕ
Робертина Мечевска се наоѓа на КАРИЛ и е приклучена на апарати за дишење. 30 годишната репрезентативка е оперирана и санирана и е слезината, но борбата за нејзиниот живот продолжува, објави Канал 5. Директорката на КАРИЛ Тања Спировска изјави дека Мечевска има многу скршеници, нагмечување на белите дробови и серизони повреди на рбетот и ребрата. Мечевска се здоби со тешки повреди по пад од петтиот кат од нејзиниот стан во скопската населба Аеродром. Синоќа полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата и засега нема индиции дека се работи за насилство. Во моментот на падот, во станот биле и нејзините родители. Ракометарките на нејзиниот матичен клуб Вардар се огласија со соопштение.
– Ситуацијата е сериозна, а ние како клуб сме во постојан контакт со сите доктори кои се грижат за нејзиното здравје.Робертина е дел од семејството на Вардар, репрезентативец на Македонија, голем борец, и веруваме дека ќе успее да се опорави и да го надмине овој тежок период во нејзиниот живот.