ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » РАСПИШАН Е НОВ ОГЛАС ЗА ОБУКА КАЈ ПОЗАТ РАБОТОДАВАЧ

РАСПИШАН Е НОВ ОГЛАС ЗА ОБУКА КАЈ ПОЗАТ РАБОТОДАВАЧ


Додадено на 27-01-2016 во МАКЕДОНИЈА

Од вчера е распишан нов оглас за обука кај познат работодавач. Oва вчера го истакнаа заменскиот министер за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски при работната посета во компанијата „ Фрико “ во село Криволак, која претставува позитивен пример на компанија која досега искористила голем број од позитивните мерки на Владата на РМ за вработување на нови лица и намалување на невработеноста.

-За оваа година имаме планирано вкупно 300 лица да се вклучат во оваа мерка, или вкупен износ на средства 6,7 милиони денари. Очекуваме најмалку 50 отсто од учесниците од оваа мерка по завршувањето на самата тримесечна обука да се стекнат со вработување и со тоа и оваа мерка да влијае континуирано на подобрување на вештините на невработените лица, но и создавање на нови работни места и намалување на невработеноста во Република Македонија – потенцираше Спасов.

Директорот на АВРМ, Влатко Поповски, истакна дека со оваа тримесечна обука невработените ќе создадат вештини, а на крајот на обуката работодавачот ќе понуди работно место на 50 отсто од нив во компанијата.