РАЦИОНАЛНО ТРОШЕЊЕ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ
Уште незапочнат периодот со високи температури и тропски горештини, на подрачјето на општина Неготино е регистрирано екстремно зголемување на потрошувачката на водата за пиење, што пак придонесува во повисоките делови од градот да се јави недостиг од „течноста што живот значи“. Токму затоа, одговорните во ЈП „Комуналец“ апелираат до граѓаните за рационално користење на водата за пиење и нејзино користење за неопходните потреби, со единствена цел истата да биде подеднакво достапна до целото население кое со вода се снабдува од регионалниот водовод Лукар. „Комуналци“, исто така, препорачуваат останатите потреби од вода граѓаните да ги задоволуваат со вода од паралелниот систем за наводнување на дворните површини, кој впрочем е и изграден со цел за заштеда на водата за пиење.