РЕАЛИЗИРАНА РАБОТИЛНИЦА ШТО МЕ РАДУВА ВО УЧИЛИШТЕТО, А ШТО МЕ ЗАГРИЖУВА ВО ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕГОТИНО
Вчера 21 Март во рамки на одделенскиот час на учениците во деветто одделение во ООУ „ Гоце Делчев “ во Неготино се одржа работилница на тема „ Што ме радува во училиштето, а што ме загрижува “. Оваа работилница ја реализирале педагогот на училиштето Светлана Гелева заедно во соработка со наставникот Елена Јанева Ивановска.
Преку низа активности учениците имале можност да манифестираат радосни и среќни мигови и емоции во ова училиште, но и анонимно на работни листови да запишат што е она што ги радува , а што загрижува во училиштето.
На креативноста на учениците им немаше крај, велат од училиштето, а радувал и фактот што тие умееле да ги забележат позитивните работи кои се реализираат во неготинското училиште. Ги радува реновирањето на училишната зграда, зголемувањето на нагледните средства во наставата, позитивната клима за работа во училиштето ,реновирањето на фискултурната сала, дружбата со учениците – додаваат наставниците од ООУ „ Гоце Делчев “ од Неготино .