РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ВО ООУ СТРАШО ПИНЏУР НЕГОТИНО
Изминатата недела во ООУ „ Страшо Пинџур “ во Неготино беше реализиран квиз насловен „ Заедно учиме “ за учениците од различни националности. На овој квиз учество земаа ученици од второ до петто одделение, а истиот се одржуваше во рамки на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието. Учениците покажаа знаења по прашањата од наставните предмети кои ги изучуваат, а на учениците кои учествуваа во квизот им беа доделени пофалници.
Изминатиот период наставници и ученици од училиштето го посетија училиштето „Екрем Чабеј“ од с. Слатина – општина Теарце. Оваа посета беше реализирана како дел од активностите по ПМИО- Проектот на мултиетничка интеграција во образованието за кои училиштето доби и финансиска поддршка. На средбата директорите на двете училишта потпишаа меморандум за соработка. Наставниците и учениците одржаа една заедничка работилница – Запознавање со народните носии на разлличните националности. Од училиштето додадоа дека соработката ќе продолжи и во иднина со уште неколку средби.