ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » РЕАЛИЗИРАНИ БРОЈНИ АКТИВНОСТИ НА НЕГОТИНСКОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ

РЕАЛИЗИРАНИ БРОЈНИ АКТИВНОСТИ НА НЕГОТИНСКОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ


Додадено на 10-03-2016 во НЕГОТИНО

СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино успешно го реализираше првото полугодие од учебната 2015/2016 година. И во оваа година беше овозможен бесплатен превоз за учениците кои патуваат, бесплатни учебници за сите ученици, а беше овозможено и колективно осигурување за учениците и вработените во училиштето.  За поефикасно работење на училиштето беа формирани повеќе комисии кои ги вклучуваат наставниците, стручната служба и претставници од Училишен одбор и Совет на родители. Беше спроведена и анкета меѓу родителите, наставниците и учениците околу работата во училиштето, а се реализираа и родителски средби односно советувања со родителните на учениците кои имаат повеќе од три негативни оценки, над 10 неоправдани и над 100 оравдани изостаноци. покрај основната работа, неготинското средно училиште соработува и со бројни иституции локалната самоуправа, бизнис секторот од општината, Домот на културата, Локалната библиотека и двете основни училишта.

И во првото полугодие од учебната 2015/2016 година, училиштето учествуваше на бројни натпревари. На општинскиот и регионален натпревар во противпожарна заштита неготинското средно училиште го освои третото место, на државниот натпревар „ Лидер “ го освои четвртото место. На државниот натпревар во шах го освои првово место, а учетво зема и на меѓукласното првенство во фудбал и регионалниот натпревар во футсал. Во првото полугодие беа организирани и спроведени и екскурзии, односно со сите ученици беше реализирана еднодневна екскурзија до манастирот „ Св. Ѓорѓи “ во Неготино, а со учениците од прва и трета година беше реализирана научна екскурзија до археолошкиот локалитет „ Стоби “. Учениците учетво земаа и на велосипедската трка организирана од општина Неготино. Беа спроведени едукативни предавања од МВР и ЦСР на тема : Штетното влијание на дрогата и превенција, Сексуална злоупотреба, Насилно и асоцијално однесување, Едукативно предавање за услови за управување со моторно возило, Едукативно предавање за фискална либерализациија од страна на УЈП, беше реализиран и проектот родителот во улога на наставник. Одбележан меѓународниот ден на храната преку презентации и изложени трудови во холот на училиштето од страна на учениците од профил – Техничар нутриционист. Го посетија на саем на француски универзитети во Скопје, саемот „ Технома “, саемот за храна „ Агрофуд “во Велес, а беа реализирани и бројни активности од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. во првото полугодие се спроведоа и активности од проектот ,,Мaкедонија без отпад 2015” , проектот ,,Меѓуетнича интеграција во образованието”, проектот ЦКА-ПХВ, проектот за стипендирање на Роми, проектот за “ Заедника грижа за правилно насочување на учениците. стручната служба на училиштето во текот на целото полугодие работеше со учениците со слаб успех и нередовност во наставата преку соработка со родителите и Центарот за социјална работа, а додаваат дека овој тек на работа ќе продолжи и до крајот на учебната година.