ПОЧЕТНА » СПОРТ » Реванш мечеви во Лига Европа

Реванш мечеви во Лига Европа


Додадено на 14-03-2013 во СПОРТ

 

Вечерва ќе се одиграат реванш осмина финалните натпревари во Лига Европа, дерби мечевите ќе се одиграат во Санкт Петербург, Лондон и Њукасл.

Рускиот шампион Зенит на првиот меч во Базел прими два гола во финишот, па во реваншот ќе има тешка задача да го елиминира швајцарскиот тим. 

Челзи против Стеауа, во Букурешт одигра просечен меч, па на домашен терен ќе се обиде да ја надополни негативата од еден гол. 

Њукасл успеа да го издржи притисокот на Анжи, првиот меч заврши со резултат 0:0, која на двата тима им дава реални шанси за пласман во четврт финалето. 

Бенфика во Бордо патува со минимална предност од 1:0 со која се стекна по првиот меч одигран во Лисабон. 

Тотенхем во Милано против Интер, натпреварот ќе го започне со убедлива предност од 3:0. Формата на Интер му одат во прилог на Тотенхем, кој овој натпревар ќе го одигра без најдобриот играч Герет Бејл кои отсуствува поради жолти картони. 

Лацио е безбеден против Штутгарт, италијанскиот тим на првиот меч во Германија победи со 2:0, а мирен реванш го очекува и Фенербахче со оглед на победата на првиот меч во Плзен од 1:0. Рубин ќе го пречека Леванте, првиот меч заврши без победник и без голови. 


18:00 Рубин-Леванте (прв натпревар 0:0)
18:00 Зенит-Базел (0:2)
19:00 Интер-Тотенхем (0:3)
21:05 Бордо-Бенфика (0:1)
21:05 Челзи-Стеауа (0:1)
21:05 Фенербахче-Викторија Плзен (1:0)
21:05 Лацио-Штутгарт (2:0)
21:05 Њукасл-Анжи (0:0).