РЕГИОНАЛЕН ДЕБАТЕН ТУРНИР НЕГОТИНЈАДА 3
Изминатите денови во организација на Центарот за регионалнен одржлив развој во Неготино се одржа Регионалниот дебатен турнир „ Неготијада 3 “. На овој турнир учество земаа и дебатираа тимови од Младински Образовен Форум од Дебатниот Клуб Неготино и Дебатниот Клуб Велес. Целиот турнир беше организиран со поддршка од УСАИД и реализиран со целосна поддршка и соработка од страна на општина Неготино. На овој турнир младите дебатери имаа можност да ги запознаат граѓаните од Неготино со форматот, принципот и правилата на дебатирање. И на овој турнир, најдобрите дебатери ги оценуваа судии составени од Неготино и Велес.
Победник во финалниот дел од турнирот во екипна конкуренција беше тимот „ Еси ми “ од Велес, а во поединечна конкуренција првото место и златен медал освои Анастасија Андоновска, второ место и сребрен медал освои Миа Богатинова Димитрова додека третото место и бронзен медал освои Софија Илиевска. За најдобрите говорници на овој локален дебатен турнир наградите ги обезбеди општина Неготино.
Дебатерите заедно со своите предавачи, асистенти и координатор од Дебатниот моф клуб од Неготино дојдоа до идеја дека местото за дебата припаѓа на сите млади меѓутоа често тие дебати не се видени и слушнати од останатите, па така во 2014година за прв пат организираа локален дебатен турнир со име Неготинијада кој им овозможи место, простор, како и темел за младите дебатери од Неготино да го искажат своете мислење. Оваа традиција ја продолжија и во 2015, година кога дебатерите повторно организираа локален дебатен турнир овој пат Неготинијада 2, за потоа да следи и првиот регионален дебатен турнир Неготинијада 3. Предводени од оваа идеја младите дебатери веруваа во искажување на своите ставови, вежби за јавно говорење и искажување на јавно мислење пред публика затоа и оваа година го органзиираа овој турнир под наслов Неготинијада 3 .