РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА ВО СЕЛО ПЕПЕЛИШТЕ
Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска беше на терен и изврши увид и на градежните работи за изградба на новот резервоар за вода во село Пепелиште со зафатнина од 250 м3 и нов потисен цевковод во должина од 1260 метри преку кој ќе се извршува рамномерното распоредување на водата до сите семејства во Пепелиште. Претставници на фирмата изведувач „ Жикол “ од Струмица го информираа градоначалникот за тековните активности и активностите кои ќе следат се со цел навремено завршување на истите. Благодарни за ова се и жителите на село Пепелиште, за изградбата на овој резервоар за вода и конечно решавање на овој проблем.