РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО НЕГОТИНО СЕ ОДВИВА СПОРЕД ПРЕДВИДЕНОТО
Реконструкцијата на водоводната мрежа на улици во град Неготино се одвива според утврденото каде екипи на фирмата изведувач „ Алдинг инжинеринг “ веќе извесен период се на терен и вршат замената на старата со нова водоводна мрежа. па така, до сега завршена е реконструкцијата на 6 улици во Неготино и тоа на улица Енгелсова, Ило Виларов, Душан Јуруков, 29 Ноември, Никола Петров и Ленинова каде е поставено водоводно црево од 10 бари и регулациони шахти, со што се очекува да дојде до драстично намалување на загубите на вода, додека останува да се реконструира водоводната мрежа на улиците Киро Крстев, Ставре Ставрев, Ацо Аџи Илов и 12 Ваташки другари.
Паралелно со замената на водоводната мрежа во градот, стручни екипи на Алдинг инжинеринг работи на проектот за изградба на нов резервоар за вода во село Тимјаник со зафатнина од 500 м3, чии количини вода ќе бидат наменети за жителите во високите зони во Неготино. овој проект општина Неготино со средства во висина од 38 милиони денари обезбедени преку Светска банка.
Покрај овој се работи и на проектот за изградба на нов резервоар за вода во Пепелиште со зафатнина од 200 м3 и потисен цевковод. Стартот на работите го означија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, проект со кој ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето на месното население кое живее таму. Проектот за изградба на резервоарот чини 6,5 милиони денари, средства обезбедени од Европска инвестициона банка преку Министертвото за транспорт и врски. Од локалната самоуправа се оптимисти дека работите на терен ќе завршат според утврдената динамика и конечно граѓаните од општина Неготино ќе имаат 24 часовно водоснабдување.