Ротари клубот од Неготино во крводарителска акција
Ротари клубот на бизнисмени од Неготино самоиницијативно вчера реализира акција за дарување крв во Институтот за трансфузиона медицина во Здравствениот дом во Неготино.
Претседателот на неготинскиот ротари клуб, Ѓорѓи Тренев, истакна дека главниот мотив кој ги водел да ја остварат оваа акција била токму хуманоста.
Докторка Стојанка Трифунова од Институтот за трансфузиона медицина во Неготино вели дека месечно во просек триесетина граѓани даруваат крв, а кога има организирана акција таа бројка, па и поголема се достигнува за еден ден.
Трифунова додава и дека крводарителите најчесто се на возраст од 25 до 50 години, додека пак најчесто дарувана, а воедно и најзастапена крвна група е 0та-позитив, а после неа и А-позитив, а најретко се наоѓа АБ-негатив крвната група.