ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » СДСМ оди на избори на 24 Март

СДСМ оди на избори на 24 Март


Додадено на 01-03-2013 во МАКЕДОНИЈА

СДСМ се согласи на локални избори на 24. март, а после тоа ќе се разговара за предвремените избори.

Ова го соопшто еврокомесарот Штефан Филе по средбата со лидерите Бранко Црвенковски, Никола Груевски и Али Ахмети.

Според информаците, ќе се формира Комисија за настаните на 24 декември согласно планот на Претседателот Иванов 

Премиерот Никола Груевски и лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ на средбата со Претседателот Ѓорге Иванов и еврокомесарот Штефан Фуле во петокот напладне постигнаа договор за надминување на политичката криза во земјата, јави репортерот на Макфакс од претседателската резиденција Вила Водно

Политичките лидери се согласија да се воспостави нормализацијата на политичките односи и дејствувања во земјата, што опфаќа враќање во парламентот на опозицијата и учество на локалните избори на 24-ти март.

Договорено е, исто така, и формирање адхок комисија за расветлување на настаните во Собранието на Република Македонија од 24-ти декември.

Овој договор вклучува и по одржувањето на локалните избори, во рамките на институциите да се разгледува прашањето за парламентарни избори без да се прејудицира дали тоа ќе бидат предвремени или редовни избори. Неофицијално, се споменува дека тоа не би се случило пред септември 2013 година