ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » СДСМ ја презентира новата економска мерка

СДСМ ја презентира новата економска мерка


Додадено на 16-11-2013 во МАКЕДОНИЈА

 

„Околу 130 милиони евра годишно  ќе им бидат вратени на граѓаните со враќањето на 15-те отсто од ДДВ-то“ – најави Социјал демократскиот сојуз во Неготино на денешното промовирање на новите мерки на партијата.

 

Така, на пример, на фискална сметка од 10 000 денари, за која се плаќа 1800 денари данок, 15-те посто од повратното ДДВ ќе изнесуваат 270 денари. Како што најави СДСМ, 15-те проценти данок ќе се враќаат на секои три месеци.

 

 

 

Покрај оваа економска мерка, од партијата претставија и други мерки.

 

Опозициониот СДСМ во својата програма наведува и дека со воведувањето на овие економски мерки, секој граѓанин ќе има мотивација да инсистира на издавање фискални сметки, а ќе се зголеми и потрошувачката моќ на граѓаните.

 

 

 

 

Елена Данова