СЕ АСВАЛТИРААТ ТРИ УЛИЦИ ВО СЕЛО ТИМЈАНИК
Стручни екипи и градежната механизација на фирмата изведувач Градба промет веќе извесен период се на терен и ги извршуваат работите за изградба и исвалтирање на 3 нови улици во село Тимјаник во должина од 1000 метри.
Денеска на терен беше присутен и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и на лице место го следеше текот на работите на најдолгата улица од 530 метри во селото која води со селските гробишта и како што истакна е задоволен е од досегашната извршена работа. Станува збор за проект вреден 10.000.000 денари од вкупно 45.000.000 обезбедени од ИПАРД програмата преку која се градат и патните правци Калањево-Бела вода и дел од патот Г.Дисан-Вешје.
Од реализацијата на овој проект, односно асвалтирањето на овие улици се задоволни и жителите на селото Тимјаник и како што рекоа овој потег на градоначалникот Апостолов е од огромно значење бидејќи голем број од жителите поминуваат низ овој пат кој досега бил во многу лоша состојба.
Во меѓувреме завршено е тампонирањето на една улица во должина од 260 метри, а ќе се гради и асвалтира уште една улица во должина од 210 метри.