СЕ АСФАЛТИРА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ НЕГОТИНО-КРИВОЛАК
По изведувањето на активностите на терен и подготовката изминатата недела на патниот правец од Неготино до село Криволак, денеска и официјално започна асвалтирањето на овој пратен правец. Увид на активностите на терен изврши и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој како што истакна е задоволен од текот на работите и додаде дека за околу 10 дена се очекува комплетно да заврши целиот проект.
„ Денеска официјално започна асвалтирањето на овој пат кој можам слободно да кажам дека беше во многу лоша состојба. Се асфалтира од мостот на реката Вардар каде се двои патот за село Пепелиште и село Криволак па се до централното подрачје на селото, односно пат во должина од 3 километри. Изведувач на работите на терен е фирмата „ Ве груп “ од Радовиш, а висината на финансиските средства за комплетната реконструкција на овој патен правец е 20 000 000 денари обезбедени преку Министерството за транспорт и врски. За десетина дена жителите на село Криволак но и останатите кои поминуваат по овој патен правец ќе добијат нов, современ, проширен и безбеден пат “-истакана градоначалникот Апостолов .