СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП
Во текот на оваа сезона во Македонија досега се регистрирани вкупно 8.007 случаи на грип а само петтата недела од почетокот на годинава, во периодот од 1 до 7 февруари регистрирани се 3.100 случаи.
Во споредба со истиот период од минатата година, вкупниот број пријавени случаи во оваа сезона е поголем за 17,2 проценти, а во однос на моделот за последните пет сезони се регистрира исто така зголемување од 6,9 проценти.
Во текот на оваа сезона, најголем број случаи се регистрирани во регионот на Струмица 1.072, Прилеп 1.013, Куманово 853, Битола 711. Највисока инциденца е забележана во Свети Николе и Кратово.