ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » СЕ ИСТРАЖУВА ПЕШТЕРАТА ТРЛО

СЕ ИСТРАЖУВА ПЕШТЕРАТА ТРЛО


Додадено на 08-03-2016 во КАВАДАРЦИ

Интензивно се истражува пештерата Трло. Се уште е активна и изобилува со прекрасни сталактити, сталагмити, колонии на лилјаци и нај разновидни пештерски украси. Патеката до неа е веќе направена, следен чекор е обележувањето.Трло е идеална за развој на спелео туризмот, но на неа се уште има многу да се работи.Засега пристап до неа имаат само спелеолозите односно добрите познавачи, дознаваме од претседателот на ПСД Орле Никола Минчоров.

Трло заедно со Темната пештера се полн погодок за љубителите на овој вид на спорт. План за развој на спелео туризмот има но тоа е долг процес на кој континуирано и макотрпно се работи вели Минчоров.