ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » СЕ ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА - 8 МАРТ

СЕ ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА - 8 МАРТ


Додадено на 08-03-2016 во МАКЕДОНИЈА

Осми март е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистирало социјалистичкото движење.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири. Демонстрации на работничките се оддржувале речиси во сите поголеми европски градови секоја година до 1915 година, а главно барање на тие маршеви било еворпските земји конечно да воведат универзално право на глас. По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март по прв пат е прогласен за државен празник. Советска Русија беше прва држава која  8 март го одбележа со црвени букви на календарот во 1917 година, а неработен ден стана во 1965 година.