СЕ ПОДГОТВУВА ПАТЕН ПРАВЕЦ НЕГОТИНО-КРИВОЛАК
Веќе извесен период стручни екипи на фирмата изведувач „ Ве груп “ од Радовиш се на терен и интензивно работат на подготовка за асвалтирање на еден од најфрекфентните патни правци во општина Неготино, патниот правец Неготино село Криволак. Денеска на теренот беше и изврши увид градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој истакна дека со реализацијата на овој проект жителите на село Криволак но и сите оние кои минуваат ќе добијат нов, модерен, современ и безбеден пат.
Согласно проектната документација, ќе се реконструираат и асвалтираат 3 километри од патот кој од Неготино води до селото Криволак, при што постоечкиот патен правец ќе биде приширен и со ширина од 5,5 метри. На неколку места ќе бидат поставени потпорни ѕидови со што ќе дојде до елиминирање на постоечките проблематични точки на овој патен правец. Висината на финансиските средства за комплетната реконструкција на овој патен правец е 20 000 000 денари обезбедени преку Министерството за транспорт и врски со кое општина Неготино има повеќе од успешна и плодна соработка, што пак резултира со реализација на повеќе инфраструктурни проекти во целата општина.