Се подобрува ли водоснабдувањето во Неготино?!
Подобрувањето во водоснабдувањето веќе се чувствува во целата општина, а рестрикциите на водата речиси и да ги нема, oва го заклучија првиот човек на општина Неготино, Ванчо Апостолов и директорката на јавното комунално претпријатие, Наташа Лазова, на вчерашната работна средба во просториите на ЈП Комуналец.
Граѓаните исто така велат дека ја забележуваат разликата ако го споредат снабдувањето со вода до пред некој месец и сега.
Инаку, периодов Неготино е и на почеток на нов проект за подобрување на водоснабдувањето во градот. Минатата недела, општината најави изградба на нов резервоар за вода кој ќе има поголем капацитет од досегашниот и обнова на 16 улици во градот на коишто е детектирано губење на водата.