ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » СЕ ПОДОБРУВА ПАРАЛЕЛНИОТ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО

СЕ ПОДОБРУВА ПАРАЛЕЛНИОТ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО


Додадено на 23-06-2016 во НЕГОТИНО

Меѓу многубројните проекти кои општина Неготино ги спроведува со цел за стабилизирање на состојбата со водоснабдувањето е и проектот за изградба на нова мрежа на паралелниот систем за наводнување на дворните површини со технолошка вода. Така, деновиве на постоечкиот паралелен систем доградени се нови 600 метри мрежа на потегот од црквата Св. Атанасиј до населбата Саат-кула што ќе придонесе и оние семејства кои досега немале технолошка вода истата да ја добијат на располагање, а постоечката мрежа пак, ќе се подели на уште 2 крака со кои ќе бидат поставени околу 200 до 300 метри мрежа на паралелниот систем за граѓаните кои живеат на дел од останатите улици во Саат-кула. Основна цел на овој проект според градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов е и граѓаните од овој дел од градот да добијат технолошка вода и истата да ја можат да ја користат, за да останува повеќе вода за пиење и хигиенски потреби. Паралелниот систем се доградува со поставување цевки Ф-100 од 10 бари.