ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Седум наставнички и професори од Неготино добија решение за работа

Седум наставнички и професори од Неготино добија решение за работа


Додадено на 16-01-2014 во НЕГОТИНО

 

Градоначалникот на општина Неготино денеска им додели решенија за работа на неопределено време на 7 наставнички и професори коишто во изминатите две години работеле во двете основни училишта и во средното училиште на општината.

 

Градоначалникот Апостолов ја пофали досегашната работа на овие наставници и професори и нагласи дека отсега тие ја носат должноста да креираат успешна младина.

 

Една од наставничките коишто добија решение за работа на неопределено време, Магдалена Ристова, потенцира дека воспитно-образовната улога на наставникот е најважна за формирањето на луѓето коишто во иднина ќе ја водат државата.

 

Инаку, порано наставниците требаше да поминат петгодишен работен ангажман за да добијат решение за работа, а сега тоа време е смалено на две години со цел кандидатите коишто ги исполнуваат условите побрзо да добијат работа.