ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » СЕДУМГОДИШНАТА АНДРЕА МАРКОВ ОД НЕГОТИНО ПРЕТСТАВНИК НА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ГРУЗИЈА

СЕДУМГОДИШНАТА АНДРЕА МАРКОВ ОД НЕГОТИНО ПРЕТСТАВНИК НА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ГРУЗИЈА


Додадено на 03-06-2016 во НЕГОТИНО

Седумгодишната Андреа Марков од Неготино е годинешниот претставник на Република Македонија на детскиот интернационален фестивал за култура, стил и уметност насловен „ Little miss universe “ кој се одржува од 31 мај па се до 6 јуни во главниот град на Грузија, Тбилиси. Своето право на настап на овој фестивал седумгодишната Андреа го стекна со учество на изборот за „ Детски мис на Македонија “ каде во конкуренција од 22 дечиња од цела држава беше избрана за „ Little miss universe Macedonia “. Овој избор беше во организација на модното студио „ Пантерс модел “ кон средината на месец април. Во Грузија малата Андреа се натпреварува во конкуренција на свои врснички од 25 држави од Европа и Азија. И посакуваме многу успех, одличен настап и достојно претставување на Република Македонија но и општина Неготино на овој престижен натпревар.