ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » СИНОЌА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЈА ОДРЖАТА СВОЈАТА ДВАЕСЕТ И ВТОРА РЕДОВНА СЕДНИЦА

СИНОЌА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЈА ОДРЖАТА СВОЈАТА ДВАЕСЕТ И ВТОРА РЕДОВНА СЕДНИЦА


Додадено на 28-02-2015 во НЕГОТИНО

Речиси и без никаква расправа по ниедна точка од дневниот ред, Советот на општина Неготино синоќа ја одржа својата дваесет и втора редовна седница на која беа усвоени сите предвидени тринаесет точки. Советниците во Советот, со 14 гласа ЗА  изгласаа 12 точки од дневниот ред, додека пак само по точка 5, предлог одлука за прифаќање на иницијатива за отпочнување на постапка за изработка на Локална урбанистичка планска документација за две катастарски парцели во Црвени Брегови 1 во општина Неготино, советничката група на СДСМ гласаше воздржано. Пред да се изгласа точката за избор на членови на Советот на млади на општина Неготино, советничката Васка Мојсовска од комисијата за мандатно-имунитетни прашања даде објаснување за значењето на Светот на млади како и членовите кои го сочинуваат. Во име на членовите на советничката група на СДСМ, советникот Диме Витанов го поздрави изборот на членовите на Советот на млади на општина Неготино.