ПОЧЕТНА » Здравје » СИТЕ ЗАКАЖАНИ ПРЕГЛЕДИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ НА ДЕНОТ НА ДРВОТО

СИТЕ ЗАКАЖАНИ ПРЕГЛЕДИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ НА ДЕНОТ НА ДРВОТО


Додадено на 03-12-2015 во Здравје

Сите закажани прегледи во специјалистичко-консултативни амбуланти, кабинети за снимање и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции нема да бидат одложени за време спроведувањето на акцијата „Ден на  дрвото“ и за таа цел на установите им е наложено да ги преземат сите организациски мерки овие прегледи и интервенции да бидат непречено изведени. Ова е врз основа на информацијата од Министерството за здравство според која во среда на 2-ри декември кога ќе се спроведува „Денот на дрвото“ сите јавни здравствени установи во земјава редовно ќе работат и ќе се реализираат сите закажани прегледи и интревенции, за што навремено се известени здравствените установи. Останатите служби во здравствените установи кои не се поврзани со закажани термини, ќе бидат вклучени во акцијата Ден на дрвото и овој ден дополнително ќе го одработат согласно насоките од Министерството за труд и социјална политика.