СО БРОЈНИ АКТИВНОСТИ ИЗМИНАТИТЕ ДВА МЕСЕЦИ ГИ ОДБЕЛЕЖА СОУ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ НЕГОТИНО
Со бројни активности изминатите два месеци ги одбележа СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино. Викендов неготинското средно училиште беше домаќин регионалниот натпревар од електротехничка, машинска и сообраќајна струка. На овој натпревар учество земале ученици заедно со своите ментори од средните училишта од Велес, Струмица, Радовиш, Кавадарци, Гевгелија, Богданци и домаќинот Неготино. Како што информираат од училиштето учениците се натпреварувале во пет категории и покажале солидни резултати. Учениците од неготинското средно училиште покажале солидни резултати и освоиле две први места и тоа Тимотеј Илиев под менторство на професорите Петар Пецов, Донка Јованова и Снежана Трајкова и Ангел Недев под менторство на професор Велика Пушкинова и си обезбедиле учество на државниот натпревар. Неготинското средно училиште со свој претставник зема учество и на 20 републички натпревар по информатика кој се одржа во Скопје на кој ученикот Стефан Ристовски под менторство на професор Роза Арсова го освои 3 место. Училиштето учествуваше и на други натпревари и освои солидни резултати. На регионалниот натпревар по македонски јазик кој се одржа во СОУ,,Добри Даскалов”- Kaвадарци, ученичката Елена Филева под менторство на професор Снежана Ристова го освои третото место и се квалификува на државниот натпревар што ќе се одржи во Велес овој месец, додека на државниот натпревар по математика ученичката Ана Петрова под менторство на професор Цветанка Митрова освои пофалница. Неготинското средно училиште вчера беше домаќин и на регионалниот натпревар во ракомет во машка конкуренција на кој учество земаа средните училишта од Битола, Ресен,Македонски Брод, Кавадарци, Прилеп и домаќинот Неготино, учество земаа и на регионалниот натпревар во кошарка во Кавадрци и регионалниот натпревар во фудбал кој се одржа во Неготино.