ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » СО ПРОЕКТОТ 30/35 ДОСЕГА СЕ ЗАПИШАЛЕ 1800 ЛИЦА

СО ПРОЕКТОТ 30/35 ДОСЕГА СЕ ЗАПИШАЛЕ 1800 ЛИЦА


Додадено на 09-12-2015 во МАКЕДОНИЈА

Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука веќе шеста година по ред преку проектот 30/35 го доближуваат високото образование до македонските граѓани кои во минатото поради било каква причина не успеале да се стекнат со факултетска диплома.

Со проектот 30/35 им се овозможува на сите заинтересирани граѓани на возраст од минимум 30 години за жени и 35 години за мажи, со претходно завршено 4 годишно средно образование и заснован работен однос на неопределено време, или пак невработени лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување најмалку 5 години, им се овозможува да се запишат на студиска програма во прв циклус на студии, со годишно кофинансирање на студиите од 200 евра во денарска противвредност. Заклучно со оваа бројка, во изминативе 6 години, колку што се спроведува проектот мерката ја искористиле повеќе од 1.800 лица.