СО РЕЗУЛТАТ 3:1 ФК ВАРДАР ЈА СОВЛАДА ЕКИПАТА НА ПОБЕДА ОД ВАЛАНДОВО
Иако до крајот на првенството во Третата фудбалска лига-Југ остануваат да се одиграат уште 4 кола, се чини дека фудбалерите на неготински Вардар веќе го обезбедија првото место на табелата. На градскиот стадион во Неготино во прекрасна спортска атмосфера и со голем број навивачи од неготинска и валандовска општина „вардарци“ со супериорна игра во текот на сите 90 минути го совладаа директниот конкурент во борбата за првото место-тимот на Победа од Валандово со резултат 3:1 и со тоа им „побегнаа“ на валандовчани на плус 7 бодови разлика. По двете нерешени средби, фудбалерите на Вардар во овој дуел влегоа максимално мотивирани и бодрени од верните навивачи успеаја да ја совладаат Победа и да го трасираат патот до првото место на табелата. По 18 одиграни кола Вардар со скор од 16 победи, 2 нерешени средби и без ниту еден пораз убедливо води на првенствената табела со освоени 50 бодови и е на добар пат до крајот на првенството да се задржи на првото место на табелата во Третата фудбалска лига-Југ.
Извор: www.negotinoinfo.mk