ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » СО ТРАДИЦИОНАЛНО ДЕФИЛЕ ПОД МАСКИ ОПШТИНА НЕГОТИНО УТРЕ ЌЕ ГО ПРОСЛАВИ ДЕНОТ НА ШЕГАТА И СМЕАТА 1 АПРИЛ

СО ТРАДИЦИОНАЛНО ДЕФИЛЕ ПОД МАСКИ ОПШТИНА НЕГОТИНО УТРЕ ЌЕ ГО ПРОСЛАВИ ДЕНОТ НА ШЕГАТА И СМЕАТА 1 АПРИЛ


Додадено на 31-03-2015 во НЕГОТИНО

По повод Денот на шегата и смеата 1 април, утре во општина Неготино ќе се одржи традиционалното дефиле под маски кое е во организација на општина Неготино. Дефилето ќе започне во 12 часот од градскиот стадион, а ќе се движи по главната улица „ Маршал Тито “ за сите учесници организирано и навремено да пристигнат на градскиот плоштад. На овогодинешниот маскенбал, како и на претходните учество ќе земат дечињата од  двата клона на детската градинка „ Фемо Кулаков “ од Неготино, ученици од двете основни училишта  како и ученици од средното општинско училиште во Неготино. Централната прослава ќе започне во 12,30 часот на градскит плоштад во Неготино, со богата програма и учество на ученици од сите училишта во општината кои ќе настапат со хумуристични, музички и денс точки. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ги повикува и поканува сите граѓани од општина Неготино утре да излезат на плоштадот и сите заеднички да го проследат дефилето под маски во рамки на манифестацијата „ Маскенбал – 2015 година “.

Инкау, во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата се слави секоја година на 1 април, а понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде е признат и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.