СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО СИНОЌА ЈА ОДРЖА СВОЈАТА 23 РЕДОВНА СЕДНИЦА
Со тешка и долга дискусија помеѓу советниците од двете советнички групи, Советот на општина Неготино ја одржа својата дваесет и трета редовна седница. По официјално читање на дневниот ред од страна на претседателот на Советот, советникот од советничката група на СДСМ Диме Витанов побара дневниот ред да се дополни со две нови точки. Првата предлог точка беше Запознавање на Советот за случувањата во СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино, и втора точка поништување на веќе донесената одлуката за избор на Советот на млади во Неготино со образложение дека една од доставените пријави не била разгледана или намерно скриена, а и поднесената жалба од страна на комисијата за мандатни прашања не била разгледана. На овие излагања советниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ одговорија дека овие излагања се не точни и не се основани, при што по долгата дискусија и неколкуте прекини, паузи со 5 ЗА, 9 ПРОТИВ И 1 ВОЗДРЖАН не беа усвоени двете точки предложени од страна на советниците од СДСМ. Со 9 гласа ЗА и 5 ПРОТИВ беше усвоен дневниот ред на 23 редовна седница. Речиси и без никаква расправа од страна на советниците во Советот, со 14 гласа ЗА беа донесени 8 точки од усвоениот дневен ред а кои се однесуваа на програма за заштита од штетното дејство на водите за подрачјето на општина Неготино за 2015-2016 година, опреативен план за заштита и одбрана од поплави на подрачјето на општина Негоино за 2015/2016 година, предлог-одлука за воведување на два образовни профили во СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ во Неготино, предлог-одлука за вклучување на осветлувањето во училишниот двор во средното училиште во уличното осветлување на град Неготино, предлог-одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2015 година, предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за ДУП за У.З 5, помеѓу неколку улици, како и програма за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино. Со 9 гласа ЗА, 5 ПРОТИВ и без никаква расправа беше донесена и точката која се однесуваше на Предлог-заклучокот за усвојување на Извештајот за усвојување на Извештајот за извршување на програмите на општина Неготино за 2014 година. Околу 2 часа и неколку паузи советниците во Советот на општина Неготино дискутираа за точката која се однесуваше на Годишната сметка на општина Неготино за 2014 година. Најпрво советниците од советничката група на СДСМ, со направени анализи на сумите кои се содржеа во материјалите за годишната сметка посочија дека било потрошено за се и сешто, а не за она што е потребно. На ова советниците од ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов одговорија дека сите податоци кои се содржани во материјалите, документите се основани и документирани, а резултат на тоа се проектите кое се спроведени за подобрување на сите области кои деуваат во општина Неготино. Долгата дебата помеѓу советниците од двете политички партии траеше и по полноќ, по што советниците од советничката група на СДСМ ја напуштија седницата и не гласаа за оваа точка. Со 9 гласа ЗА, Советот на општина Неготино ја донесе и последната точка, односно завршната сметка на Буџетот на општина Неготино за 2014 година.