СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО УТРЕ ЌЕ ЈА ОДРЖИ 32 РЕДОВНА СЕДНИЦА
Утре со почеток од 12 часот Советот на општина Неготино ќе ја одржи својата 31 редовна седница, која воедно е и прва во оваа 2016 година.
На оваа седница Советниците ќе расправаат по 13 точки и тоа: предлог- заклучок за усвојување на Извештајот за работа на Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино за 2015 година и предлог-заклучокот за усвојување на програмата за работа на Локалната Библиотека за 2016 година. предлог-решене за давање на согласност на Статутот на Општинската установа Музеј на град Неготино. Прeдлог- одлука за утврдување на детален урбанистички план за дел Спортско-рекреативниот центар Неготино, предлог-одлуки за прифаќање на иницијатива за отпочнување на постапка за изработка на измена на детални урбанистички планови во неколку урбани заедници во Неготино, како и предлог-заклучок по однос на исполнување на урбанистичките услови за вршење на дејност за складирање, третман или преработка на интерен отпад. На оваа 32 редовна седница се наоѓаат и точки кои се однесува на предлог-одлука за давање на користење и одржување на ЈП „ Комуналец “ Неготино на системите за хлорирање на водата за пиење во селата Пепелиште, Војшанци, Курија и Тремник, предлог-одлука за формирање на Комисија на општина Неготино за спроведување на постапки за продажба и давање во закуп на недвижни ствари, за продажба на движни ствари и постапки за набавка на недвижни ствари, предлог-решение за разрешување и именување на 1 член на Управниот одбор на ООМУ „ Владимир Арсовски “ во Неготино како и предлог-заклучок за усвојување на Извештајот за извршениот попис во општина Неготино за 2015 година.