ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО УТРЕ ЌЕ ЈА ОДРЖИ 38 РЕДОВНА СЕДНИЦА

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО УТРЕ ЌЕ ЈА ОДРЖИ 38 РЕДОВНА СЕДНИЦА


Додадено на 21-07-2016 во НЕГОТИНО

Советот на општина Неготино утре 22 јули со почеток од 16 часот ќе ја одржи својата триесет и осма редовна седница. Според предвидениот дневен ред, советниците ќе расправаат по три точки кои се однесуваат на : Предлог-програма за енергетска ефикаснот на општина Неготино за 2016-2018 година, предлог –одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Долни Дисан, општина Неготино за кое нема урбанистички план и решение за доделување на финансиска помош на ФК „ Вардар “ Неготино. По оваа точка советниците ќе треба да донесат одлука со која ќе им бидат доделени финансиски средства во висина од 2 милиони денари со кои фудбалскиот клуб ќе ги обезбеди неопходните услови за фукционирање на клубот во натпреварувачката 2016/2017 година.