ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Сообраќајна едукација на сите учесници во сообраќајот

Сообраќајна едукација на сите учесници во сообраќајот


Додадено на 15-11-2013 во НЕГОТИНО

Општина Неготино и Општинскиот совет за сообраќај денеска организираа едукативна трибина на која присуствуваа ученици од речиси сите возрасти, како и постари луѓе коишто се редовни учесници во сообраќајот.

 

На трибинатаговореше секретарот на општината, Сашко Јанев кој истакна дека овој настан би требало да даде правци и задолженија за спречување сообраќајни несреќи.

 

Јордан Петрушев, пак, член на на Општинскиот совет за безбедност на Неготино, нагласи дека најзагрозени учесници во сообраќајот се пешаците и велосипедистите. Притоа, тој додаде и дека тие како група покажуваат најмногу недисциплина и непознавање на сообраќајните правила.

 

На трибината говореше и Ирена Зорсич која потенцира дека во овој процес на сообраќајна едукација токму општината е од главно значење. Притоа додаде дека треба да се работи на сообраќајната култура како континуиран процес кој треба да се пренесува постојано.

 

Денешната трибина е еден сегмент од сеопфатниот процес на сообраќајна едукација кој го спроведуваат Општината, Советот за безбедност, како и Сообраќајната полиција во Неготино.

 

Тие пред околу еден месец остварија повеќе работилници за децата од претшколска возраст во градинките, со што се обидоа да ги едуцираат токму оние идни учесници во сообраќајот коишто наскоро за прв пат ќе зачекорат по улиците.

 

 

 

Елена Данова