ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА. ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА. ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО


Додадено на 08-12-2014 во МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ и Македонија пат предупредуваат дека во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.