ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » СОУ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ НЕГОТИНО Е УЧИЛИШТЕТО ВО КОЕ Е ОТВОРЕНА ПРВАТА БИЛИНГВАЛНА МАКЕДОНСКО-ФРАНЦУСКА ПАРАЛЕЛКА. ОД 1997 ПА ДО СЕГА ЗАПИШАНИ СЕ ВКУПНО 350 УЧЕНИЦИ

СОУ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ НЕГОТИНО Е УЧИЛИШТЕТО ВО КОЕ Е ОТВОРЕНА ПРВАТА БИЛИНГВАЛНА МАКЕДОНСКО-ФРАНЦУСКА ПАРАЛЕЛКА. ОД 1997 ПА ДО СЕГА ЗАПИШАНИ СЕ ВКУПНО 350 УЧЕНИЦИ


Додадено на 11-03-2016 во НЕГОТИНО

Билингвалните (француски) паралелки се формирани во 1997 и претставуваат први такви паралелки формирани во Р. Македонија. За првпат воопшто во РМ се изведува двојазична настава на македонски ,а дел од предметите комбинирано на македонски и француски јазик. Неслучајно Неготино како град беше одбран каде  се имплеметираше овој проект. Неготино беше, е и секогаш ќе биде центар на францукиот јазик и на франкофонијата. Градот носи долгогодишна традиција на изучување на францускиот јазик и култура – велат професорите по француски јазик.

Од 1997 година па се досега, запишани се вкупно 350 ученици од Неготино, Кaвадарци, Демир Капија, Велес, Градско и од другите далечни општини. 43 ученици имаат завршено високо образование во Франција и други франкофонски земји, а најголемиот дел од овие ученици останаа во Франција. Денес во СОУ,, Св.Кирил и Методиј”  Неготино, во билингвалната(француска) паралелка  покрај францускиот јазик којшто е присутен со 5 часа неделно, дел од наставата за предметите физика, математика и информатика се одвиваат на француски јазик, а до пред неколку години имаше настава и по предметите хемија и биологија-вели професорот по француски Драган Трпковски.

Во моментот и професори од други предмети следат обуки по француски јазик, а од училиштето се  надеваат дека во следните години ќе бидат вклучени предметите историја и македонски јазик и литература. Обуките ги одржуваат двајцата професори по француски јазик од училиштето, сертифицирани од Францускиот Институт за оваа намена. Исто така во наставата помага и лекторка од Франција којашто редовно доаѓа неготинското средно училиште и држи часови на учениците и на професорите. За овие 20 години, учениците од билингвалните паралелки ги освоиле сите можни награди и први места на натпреварите по француски јазик организирани во Р. Македонија: Олимпијади по француски јазик, Француска шансона, Франкофонски театар, натпреварот „Кажи ми 10 збора“, натпреварот за познавање на француската култура и цивилизација „Франсиади“ и други.

Во однос на меѓународната соработка, неготинското средно училиште имаше исоработка со една гимназија од градот Епинал-Франција. Неколку патувања биле организирани во Франција , а неготинските и француските ученици работеле на проекти поврзани со екологијата и глобалното затоплување. Во школската библиотека постои и франкофонско катче каде учениците можат да прочитаат и позајмуваат француски книги, учебнци и списанија- додаваат професорите.