СПАОК АНТИГОНЕА НЕГОТИНО ДЕЛ ОД 19 БАЛКАНСКИ ПЛАНИНАРСКИ СРЕДБИ
Од 03 до 5 јуни , делегација на СПОАК „Антигонеа”-Неготино учествуваше на 19 балкански планинарски средби што оваа година се одржаа во Бугојно, БиХ. Организатор на овие средби беше ПД „ Копривница” од Бугојно.
„ Средбите започнаа во петокот со прием и сместување на гостите во хотелски капацитети. Во вечерните часови во планинарскиот дом Дубока на беше организирано свеченото отварање. Главната планинарска тура се случуваше во саботата на 4 јуни “- вели претседателот на Антигонеа, Александар Гичовски.
Над 200 планинари од 25 клубови од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска и Словенија имале можност да одберат една од трите предоложени тури од страна на организаторот и да пешачат по прекрасните и живописни планински пејзажи на планинаите Калин (1530 m), Рудина (1385 m) и Стожер (1662).
„ Првата тура траеше 3 часа, втората тура 6, а третата 9 часа. Сите планинари уживаа во убавините на Бугојно и босанските планини.По завршување на турите, претставниците на сите планинарски друштва имаа заеднички состанок на којшто се договори наредните средби да бидат во еден од трите града :Ријека,Подгорица или Самоков.Одлуката каде ќе се одржат средбите треба да ја договорат трите клуба од споменатите градови “ – додава Гичовски.
Веднаш потоа сите учесници на средбите имале заедничка свечена средба проследена со музика, традиција и фолклор од сите земји учесници на средбите. Средбите за затворени ги прогласил градоначалникот на Бугојно, г-н Хасан Ајкуниќ. На малиот стадион во Бугојно, во неделата домаќините приредиле културно-уметничка програма изведена од хор, играорни групи и пеачи од Бугојно. Веднаш потоа госити го разгледале Бугојно со сите негови историски, спортски и културно обележја и се упатиле кон своите држави и градови. Некои од нив патувале и по 12 и повеќе часови за да стигнат на средбите. Од Антигонеа велат дека за ваквите средби никогаш и никому не му претставува проблем патот знаејќи какви се придобивки нудат ваквите средби, планината и чистиот воздух и пријателствата кои остануваат вечни. Од неготинското друштво информираа дека се остварени првични контакти со ПД „ Камењак”-од Ријека, Хрватска и тоа е уште едно во низата планинарски друштва со коишто неготинското друштво ќе започне соработка. Се очекува во скоро време двете друштва да имаат посети и заеднички планинарски активности.