СПАОК АНТИГОНЕА НЕГОТИНО ДЕЛ ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ АУТДОР ФЕСТИВАЛ
Околу 60 планинари на СПАОК „ Антигонеа “ Неготино меѓу кои и 50 средношколци од СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ од Неготино ќе бидат дел од 4 по ред Интернационален аутдоор фестивал Демир Капија кој започна денес 13 мај а ќе трае до недела 15 мај.
„ Денеска во Демир Капија започна Интернационалниот аутдоор фестивал кој ќе трае до недела 15 мај. Како и претходната, така и оваа членови на СПАОК „ Антигонеа “ ќе земат учество на истиот. Нашите членови меѓу кои и средношколци од неготинското средно училиште ќе земат учество односно ќе се натпреваруваат во три дисциплини и тоа планинарење, алпинизам и велосипедизам. Се надевам дека ќе си поминеме прекрасно, ќе покажеме она што го знаеме и работиме во нашето планинарско друштво “- истакна за ктв претседателот на планинарското друштво Александар Гичовски.
Манифестацијата Интернационален аутдоор фестивал и годинава по 4 пат ја организира Спортскиот клуб Клисура од Демир Капија заедно во соработка со локалната самоуправа. во овие три дена се предвидени бројни активности во прекрасната природа на Демиркаписката клисура, алпинизам, велосипедизам, планинарење, пешачење, крос, техничко качување и многу други активности. Целта на фестивалот е зацврстување дружењето помеѓу сите љубители на природата и спортот. Во рамки на манифестација ќе се одржи и Алпинистичка Балканиjада која е поддржана од Македонска алпинистичка федерациjа , а техничко спроведување ќе го реализираат Алпинистички Клуб "Плоча" Радовиш и Спортскиот Клуб " Клисура".