СПАОК АНТИГОНЕА ОД НЕГОТИНО НА 11 ИСКАЧУВАЊЕ НА ТИТОВ ВРВ
Како една од последните активности за 2015 година, СПАОК „ Антогонеа “ Неготино зема учество на 11 традиционално искачување на Титов Врв. Титов Врв, или Голем Турчин e највисокиот врв на Шар Планина и втор највисок врв во Македонија (по врвот Голем Кораб). Височината му е 2.747 м. Врвот е сместен на масивот Рудока. Под врвот на јужната страна извира Боговинска Река, а од северната - реката Пена. Се наоѓа во средишниот дел на планината, во највисокиот нејзин дел, во кој се наоѓаат сите три врва на планината кои што се повисоки од 2.700 м.
На 11 традиционално зимско искачување учество земаа околу 150 планинари од ПК ,, Трансерзалец,, oд Скопје, ПК „ Бистра “- Скопје, ,ПК Чеплес – Велес, СПАОК „ Антигонеа “ Неготино, ,ПК „ Кожуф “ – Гевгелија, ,ПК „ Куманово “ од Куманово, , ,ПК „ Мак Петрол “ -Скопје, ТД Рилски Турист – Самоков, Р.Бугарија, PK Зрењанин - Р.Србија.Стартот на ова зимско искачување започна од Попова Шапка и минуваше преку Врв Церипашина , (2531m),врв Антени (2600m),врв Бакардан (2704m), се до Титов Врв (2747m).Пeшaчeњeтo се одвиваше по снежно белите пазуви на македонската убавица Шара и изнесуваше околу 35 km во два правци или околу 9 до 11 часа..оваа акција спаѓа во категоријата на тешки акции и важи за една од најекстрените. на самиот врв пристигнаа околу 70 планинари– истакна Артур Николовски, член на СПАОК,,Антигонеа,, од Неготино.
Годинава СПАОК „ Антигонеа “ ја одбележа со бројни активности и акции меѓу кои акцијата во Словенија, во Бугарија, Србија а освоени беа и Пелистер, Титов Врв и многу други. Инаку, друштвото е примено во сојузот на балкански планинарски друштва , а оваа година беше организатор и на младинските балкански средби . Од Антигонеа истакнуваат и огромна благодарност до градоначалникот за досегашната поддршка и се надеваат дека во Новата 2016 година ќе продолжат со своите активности и постигнување на одлични резултати.