ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Спиро Ристовски нов министер за образование

Спиро Ристовски нов министер за образование


Додадено на 28-05-2013 во МАКЕДОНИЈА

 

Министерот за образование и наука Панче Кралев поднесе оставка на функцијата, а претседателот на Владата до Собранието достави предлог нов прв човек во ресорот да биде Спиро Ристовски, кој досега беше министер за труд и социјална политика.

Кралев во оставката до премиерот Никола Груевски наведува дека од лични и семејни причини не е во можност целосно посветено да ги реализира проектите кои се планирани за следниот период.

Диме Спасов е предложен за нов министер за труд и социјална политика. Тој во моментот е актуелен директор на скопскиот Катастар.

За нов министер без ресор е предложен Џери Наумов, додека на испразнетото заменичко-министерско место во локална самоуправа Ѓорѓија Сајкоски.

Заменик- министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски неодамна беше избран за советник во Општина Карпош, а потоа и за претседател на Советот на Општината.

Предлогот на премиерот за избор на новите министри ќе биде ставен на утрешната седница на Собранието, како дополнување на дневниот ред.