ПОЧЕТНА » СПОРТ » СПОРТСКИ НАГРАДИ ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ- ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ

СПОРТСКИ НАГРАДИ ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ- ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ


Додадено на 12-11-2014 во СПОРТ

Автомобилистот Игор Стефановски-Иџе ја доби наградата „13 Ноември“ која традиционално ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје. Стефановски оваа година стана европски шампион во автомобилизам на ридски патеки. Популарниот Иџе, оваа година доминираше на ридските патеки, тој победи на осум од 12-те трки. Поранешниот кошаркарски тренер Лазар Лечиќ ја доби наградата за животно дело, додека алпинистот Здравко Дејановиќ беше награден за особени достигнувања во спортот. Призанието за најдобар тренер го доби Иван Лесевски, за спортски работник Панче Јакимовски, додека наградата за најдобар тим ја доби ЖРК Вардар. Награди „13 Ноември“ добија и професорите по физичко образование Игор Зафировски и Енвер Мифтари. Интернационалниот мајстор Димитар Илиевски го доби признанието за шах. Признанието за спортски новинар го доби Перо Момировски од ТВ Алфа, а посеби признанија добија спортските спонзори Дејан Панделевски и Сергеј Самсоненко. Спортското радио 90.3 доби признание за придонес во развојот на спортот, награда која оваа година е доделена по првпат. Наградата „13 Ноември“ се доделува на заслужни спортски работници, на спортски работници за животно дело, тренери, екипи, професори по физичко воспитување за работа во училишниот спорт.