Стојановиќ ги тресе мрежите во Катар
Раде Стојановиќ продолжува со добри игри оваа натпреварувачка сезона. Откако си замина од Турција и потпиша договор со тимот на Катар-спорт, македонскиот бек импресионира со ефикасни натпревари и во дресот на новиот клуб. Така, Стојановиќ е убедливо прв стрелец во тимот со просек од преку седум гола на натпревар (постигна 54 погодоци на седум средби), со што јасно става до знаење дека се уште се наоѓа во топ-форма.
„Добро се снајдов во Катар, експресно се адаптирав на играта во новиот клуб. Задоволен сум од своите настапи, со оглед на фактот дека сум најдобар стрелец на тимот со вкупно 54 погодоци сезонава, воедно и еден од најдобрите стрелци во катарскиот шампионат. За жал, тимот не успеа да се пласира во Супер-лигата, за што ни недостигаше само еден бод, па го завршивме првиот дел од натпреварувањето на седмото место. Сега наша цел е да се задржиме на седмото место за да настапиме во Кралскиот куп“