ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » СТРАДАЛНАТА НЕДЕЛА ПРЕД ВЕЛИГДЕН

СТРАДАЛНАТА НЕДЕЛА ПРЕД ВЕЛИГДЕН


Додадено на 28-04-2016 во МАКЕДОНИЈА

Пред нас е Велигден, а неделата пред овој голем христијански празник позната е и како страдална недела и строго се празнува и се пости.  По црковните преданија, називот голема недела  го добила поради тоа што оваа недела Исус Христос правел големи дела. Исус ја уништил смртта, ги победил гревовите и тргнал проклетството од човечкиот род, откако му е отворен патот кон ракот. Називот „страсна“, оваа недела го добила бидејќи овие денови се засилуваат молитвите, бдеењата како и постот. 

 

 Среда 

- Овој е  последен работен ден во неделата. И на овој ден било забрането жените да шијат, баш како и во цветната недела. 

Велики Четврток

Овој  ден е целосно посветен на земјоделството. Сите работи се забранети освен за сеење на лубеници. Се верувало дека ако на овој ден се посејат лубеници ќе бидат напреднати и сочни. на овој ден жените оделе на река и таму палеле свеќи кои ги прицврстувале на мали даски и ги пуштале низ водата. Овој ритуал е посветен на покојните. Исто така на овој ден домаќинките вапцаат велигденски јајца. 

Велики Петок

На овој ден се случило големот страдање на Исус Христос. Ова страдање се нарекува уште и искушение бидејќи Исус со тоа ги искупи човечките гревови. 

Велики петок се нарекува и „ петок на страдањето“, а на овој ден се подразбира најстрог пост. 

Велика  сабота 

И на овој ден може да се вапцаат јајца. Инаку на голема сабота верниците одат пред црква и го дочекуваат воскреснувањето на Исус Христос