ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » СТУДЕНО И ВЕДРО ВРЕМЕ

СТУДЕНО И ВЕДРО ВРЕМЕ


Додадено на 27-12-2014 во МАКЕДОНИЈА

Студено и ветровито утро преовладува во целата земја. Студен засилен ветер од северен и северозападен правец ќе дува во текот на целиот ден, а наместа ќе достигне брзина и до 60 километри на час.

Во Скопје утрово се измерени 1 Целзиусов степен, во Маврово – 8, Тетово -6, Виница – 2, Берово -3, Струмица 1, Гевгелија 4, Битола -3, Охрид -4, Крушево – 6.Дневната температура ќе биде во Скопје 2, Тетово 1, Маврово 0, Дебар 1, Крива Паланка – 3, Виница 1, Свети Николе 2, Радовиш 2, Струмица 2, Гевгелија 4, Берово -2, Кавадарци 2, Охрид 0, Битола 2. Преспа 0... Снежната покривка во Битола е 12 сантиметри, во Охрид, Маврово и Лазарополе 11, во Берово 10... Утре ќе имаме ново наоблачување, можно е формирање на нова снежна покривка. Посилен бран на врнежи од дожд и снег ќе имаме ноќта од недела кон понеделник. Од понеделник Македонија ќе потпадне под влијание на студена северна воздушна маса и цела наредна недела не очекуваат ниски температури под 0 степени.