ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » СУБВЕНЦИИ ЗА ЛОЗАРОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО НЕГОТИНО И ДЕМИР КАПИЈА

СУБВЕНЦИИ ЗА ЛОЗАРОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО НЕГОТИНО И ДЕМИР КАПИЈА


Додадено на 09-12-2015 во НЕГОТИНО

Од изминатиот петок 04 декември во попладневните часови  на сметките на околу 2.500 лозаропроизводители од општина Неготино и Демир Капија им беа исплатени субвенциите за одржување на лозови насади во висина од 4.000 денари за декар лозов насад, а исто така се врши и исплата на субвенциите за житарици и крупен добиток за 2015-та година- информираат од подрачната единица на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој во Неготино. Според раководителот на подрачната единица на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој Ѓорѓи Ајтов, останатите лозаропроизводители кои аплицирале, средствата по основ на субвенции ќе ги добијат во текот на овој месец, односно до крајот на годината. Инаку, по основ на субвенции за 2015-та година средства во висина од околу 5.000.000 евра  ќе им бидат исплатени на близу 4.300 земјоделци од општините Неготино и Демир Капија.