ТАКТИЧКО ПОКАЗНА ВЕЖБА, СИМУЛАЦИЈА НА ПОЖАР И ЕВАКУАЦИЈА ВО ООУ СТРАШО ПИНЏУР НЕГОТИНО
Во ООУ „ Страшо Пинџур “ од Неготино денеска беше спроведена тактичко-показна вежба, симулација на пожар со евакуација на учениците и вработените во училиштето. Во оваа вежба беа вклучени сите ученици и вработени, а истата опфати спасување и евакуација на истите од зградата, нивно лоцирање на пунктови поставени на безбедна локација и симулација на спасување и укажување на прва помош на повредени лица. Како што информираше директорот на училиштето Љупчо Давчев, за оваа вежба се подготвувале неколку месеци.
Како што истакна директорот на училиштето, оваа вежба претходно ја реализирале неколку пати со пробни активности и успеале од првичните 5 минути за напуштање на зградата да ги намалат за 2 минути. така што денешната акција заврши во предвидениот рок од 2 минути. Тој додаде дека покрај оваа им претстојат уште многу вакви показни вежби со цел за едукација на учениците како да се однесуваат во случај на елемнетарни непогоди. Во акцијата за гаснење на пожарот беше вклучено и 1 возило на ТППЕ Неготино заедно со 8 пожарникари, а на лице место пристигна и возилото на Брзата помош со доктор и медицинска сестра кои се погрижија за „повредите“ на една од наставничките.