Тетекс го освои Купот на Македонија
Фудбалерите на Тетекс ја освоија титулата во Купот на Македонија за сезоната 2012/2013, откако во финалниот меч, кој се одигра пред празни трибини, ја совладаа Шкендија по изведувањето на пенали со 6:5, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.
Шкендија преку Ејупи прва стигна до предност уште во 15-та минута, но десет минути подоцна екипата на тренерот Артим Шакири остана со играч помалку, откако голманот Велии доби црвен картон поради играње со рака надвор од својот шеснаесетник. Предноста од играч повеќе Тетекс ја искористи во 68-та минута кога резултатот го израмни Мицевски.
Со резултат 1:1 заврши регуларниот дел од мечот, а истиот резултат на семафорот стоеше и по 120 минути игра по што се пристапи кон изведување на пенали.
Во пенал рулетот решавачка беше седмата серија кога Исени погоди за Тетекс, а ударот на Бериша го одбрани голманот Манчевски