Трагична сообраќајка во Струмица: Две момчиња останаа без нозе
На две момчиња на возраст од 24 и 26 години од струмичкото село Баница им е ампутирана по една нога, по тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 18:40 часот.
Дваесет и шест годишниот В.С. управувал со „Застава 101“ движејќи се од Струмица кон Радовиш.
Во автомобилот како сопатници биле 24-годишниот З.С. и четири години помладиот К.П.
-Кога пристигнал во близина на Василевска раскрсница управувајќи го возилото без да има положено за возачка довола, најверојатно не ја прилагодил брзината на движење, изгубил контрола над автомобилот и удрил во десен метален заштитен браник, а од ударот возилото се преполовило каде што задниот дел останал на коловозот, предниот дел паднал на десната страна надвор од патот, соопштуваат од СВР Струмица.
Во незгодата со ампутирана десна потколеница се здобил возачот, а ампутирана лева потколеница сопатникот З.С.
По укажаната лекарска помош повредените се пренесени на Трауматологија во Скопје.
Во сообраќајната незгода била причинета материјална штета од околу 60.000 денари.