ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Трајков даде отчет за сработеното

Трајков даде отчет за сработеното


Додадено на 06-11-2012 во НЕГОТИНО

Градоначалникот на општина Неготино, Пане Трајков денеска даде отчет за сработеното во изминатиот период од неговиот мандат. Рече дека и во наредниот период општината продолжува со реализација на повеќе значајни проекти со кои ќе се подобрат условите за живеење на неготинци.

Со асфалтирање улици и санација на водоводни и канализациски мрежи продолжува комуналната изградба во општина Неготино, информира денеска градоначалникот Пане Трајков.

“ Со околу 10 милиони денари од кои 5,5 милиони обезбедени од Агенцијата за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, а остатокот од општинскиот буџет се асфалтира и поплочи со бекатон коцки улица долга 800 метри во селото Тремник“, рече Трајков.

Од општинскиот буџет биле издвоени 10 милиони денари за уредување на мостот на Тимјаничка река и улицата пред и после овој мост која ги спојува улиците „Антон Пеган“ и „Владо Арсов Шпанац“. Со тоа, како што рече, ќе се растерети сообраќајот во центарот на градот. Панов информира дека е исчистен колекторскиот систем од новиот мост до градскиот пазар и тоа од двете страни, во должина од еден километар.

“ Ја саниравме и водоводната линија на улицата „Владо Арсов Шпанац“ со што се подобри состојбата со водоснабдување на жителите од населбата „Саат кула“, за што беа потрошени еден милион и 600 илјади денари општински пари. Се реконструира и водоводната и фекалната мрежа на улицата „11 Октомври“. Инвестицијата е вредна над пет милиони денари а парите се обезбедени од Европската инвестициска банка преку Министерството за транспорт и врски“, нагласи Трајков.