ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Три награди за ликовни творби на дечиња од Неготино

Три награди за ликовни творби на дечиња од Неготино


Додадено на 03-11-2014 во НЕГОТИНО

По повод „ НЛБ Месецот на штедење “ како поддржувач на уметноста и спортот, НЛБ Тутнска банка организираше изложба на детски цртежи на тема штедење и спорт. Во конкуренција од повеќе од 1500 цртежи, а прогласени 20 најдобри, три награди за најдобри цртежи добија и  дечиња од детската градинка „ Фемо Кулаков“ и ООУ „ Гоце Делчев “ од Неготино. Од клонот „ Мајски Цвет “ при детската градинка Фемо Кулаков, наградени се творбите на Дани Ќосева и Дора Кендеровска, додека награда освои и Блаже Ивановски ученик во ООУ „ Гоце Делчев “ од Неготино. Овие активности беа наменети за сите дечиња на возраст од 5 до 15 години во Република Македонија. Инаку цртежите се собираа преку организирани забавно- едукативни посети на повеќе градинки и училишта во Македонија но и во самите експозитури на Банката, а почетокот на активностите за собирање на цртежите беше означен со НЛБ Ден. Сите цртежи беа разгледувани од комисијата составена од реномирани македонски уметници: Мирослав Масин и Павле Кузмановски, кои ги издвоија најдобрите цртежи. Покрај наградените цртежи од страна на стручната комисија, награди се доделени и на цртежи кои освоија најголем број на гласови преку веб страната на Тутунска Банка. Најдобрите цртежи на отвoрањето на изложбата беа наградени со парична награда и пофалници, а притоа беа доделени и благодарници на сите училишта и градинки кои учествуваа во активностите за цртање.